Шкендија не го освои Ѓорче Петров, Борец славеше против Академија Пандев

Актуелниот првак Шкендија никако не може да влезе во победничка серија. На гостувањето во Ѓорче Петров ремизираше без голови против Македонија ЃП. „Лавовите“ не дозволија да бидат изненадени на домашен терен, иако Шкендија имаше поизгледни можности преку Марјан Радески, Стенио Жуниор и Агим Ибраими. Сепак, ѓорчепетровци успеаја да освојат бод.

Борец слави голем триумф (1-0) против Академија Пандев. Никола Прелчец повторно е човекот на одлука за велешани, постигна прекрасен гол во 80.минута. „Пандевци“ уште на стартот останаа и без најдобриот напаѓач Љупчо Дориев кој заработи повреда.

Силекс исто така често освојува бодови дома во Кратово. Новата „тројка“ дојде по голот на Иван Ивановски во 64.минута, а падна Струга Трим Лум.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Ренова и Шкупи (2-2). „Гипсарите“ двапати имаа водство, преку Фисник Зука и Ненад Мишковски, а Шкупи израмнуваше со головите на Марин Јурина и на Фатјон Јусуфи, кој донесе реми во 90.минута.

Вчера, Вардар славеше против Работнички со 0-2, и по денешниот пораз на Академија Пандев се издвои сам на врвот на табелата.

ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-0

СИЛЕКС – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0

БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

РЕНОВА – ШКУПИ 2-2

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија ЃП 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга ТЛ 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.

Се вчитува...