Шкендија поразена од Приштина на тестот во Тетово, Пелистер и Брегалница ремизираа во Битола

Комбиниран состав на Шкендија, главно од помладите фудбалери кои не добиваат посериозна шанса во шампионатот, загуби од косовскиот прволигаш Приштина со 1-2 (0-1) на пријателскиот натпревар кој се одигра во Тетово.

Гостите од Косово имаа предност од 0-2, а Шкендија успеа во финишот од мечот со голот на Елези, само да го ублажи поразот.

Пријателски дуел одиграа и Пелистер и Брегалница во Битола кој заврши без победник, 1-1.

Работнички, кој настапи со резервниот состав, славеше со 8-1 против второлигашот Питу Гули.

Пријателски натпревар одиграа и второлигашите Охрид и Кораб. На теренот со вештачка трева во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“. Охрид го доби мечот со 3-0 (1-0).

Се вчитува...