Шкендија повикува: Утре сите на стадион (видео)

Шкендија и Вардар утре ќе се сретнат во реванш-дуелот од осминафиналето од Купот на Македонија, 90 минути кои ќе одредат кој од овие два тима ќе се најде во следната рунда.

Првиот меч заврши без победник, 2-2, а тетовци свесни дека им треба поддршка од трибините денеска објавија и видео-најава за големото дерби, со назив „утре сите на стадион“ повикувајќи ги своите приврзаници да им дадат поддршка против големиот ривал.

Се вчитува...