Бразил го освои првото место во својата група откако „кариоките“ славеа со 3-0 на последниот натпревар во кој за ривал ја имаа селекцијата на Шкотска. Во главна улога беше Винисиус, кој со два гола ја донесе победата ан составот на Карло Анчелоти во дуелот во кој Нејмар конечно заигра за најтрофејната репрезентација.
Самиот старт го одбележа катастрофалната грешка на Мекена, кој во обид да ја исфрли топката само го погоди Рајан, таа се одби до Винисиус, кој немаше проблем да го совлада шкотскиот голман во 7. минута. Петнаесет минути подоцна Вини џуниор постигна и втор гол, исто така по голем кикс на противничките дефанзивци, но истиот бепе поништен со ВАР. Бразил сепак замина на одмор со предност од 2-0, Винисиус беше стрелецот на аситенција на Бруно Гимараеш.
Конечните 3-0 ги постави Матеус Куња во 60. минута, по втората асистенција на мечот на Гимараеш.
Мароко славеше со 4-2 на натпреварот проив Хаити, дуел на кој аутсајдерот неочекувано два пати стигнуваше до предност во првото полувреме. Мароканците успеаја да израмнат во првиот дел преку Хакими (1-1) и Саибари (2-2), за во вториот дел преку Рахими и Јасин да стигнат до победата.
Бразил е прв во групата, Мароко е на второто место, Шкотска е третопласирана со три бода и слаба гол разлика, поради која Шкотите многу тешко можат да се надеваат на пласман во нокаут фазата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
