Потешко од очекувањата, но селекцијата на Шкотска стигна до посакуваниот триумф на отворањето на СП над Хаити, славејќи со 1-0 за значаен чекор кон следната мундијалска фаза. Играта не беше на посакуваното ниво, но се брои резултатот, а тој вели дека Шкотска стигна до првата победа на светските шампионати по пауза од 36 години на огромна радост на многубројните навивачи на стадионот во Бостон.
Шкотите се мачеа да наметнат темпо, Мектоминеј го погоди дирекот во раната фаза на мечот, а Мекгин беше фудбалерот што донесе радост, откако ударот на асот на Астон вила закачи еден од противничките дефанзивци и заврши во мрежата.
Се очекуваше рутинска победа по овој погодок, но како што одминуваше времето, така Шкотите стануваа се понервозни, а Хаити земаше сила да се пресели пред противничкиот шеснаесетник. Аутсајдерот во групата при една сомнителна ситуација бараше пенал, но судијата покажа играта да продолжи, а Пиерот имаше одлична шанса за израмнување, но неговиот обид со глава беше за малку непрецизен.
Шкотска во второто коло ќе се сретне со Мароко, додека Хаити ќе оди на мегдан со „моќниот“ Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
