Новиот шкотски селектор Себастијан Покоњоли го објави списокот на фудбалери за претстојниот прозорец во Лигата на Нации во кој Шкотите на 3 октомври ќе ја пречекаат и македонската национална селекција.
Покоњоли не може да смета на Скот Мектоминеј, кој се уште не е во тренажен процес со Наполи по операцијата на срцето, додека голманот Крег Гордон се повлече од репрезентација по настапот на последниот мундијал.
Новиот селектор повика дури седум дебитанти, и тоа Бинкс, Донован, Мекрекен, Мекпејк, Велш, Грем и Уре, а по пауза оод пет години во националниот тим се враќа и напаѓачот Оли Мекбурни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
