Шкупи е повторно лидер по победата над Македонија ЃП, Седлоски дебитираше со реми на клупата на Работнички (ВИДЕО)

Шкупи повторно е лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига по победата од 1-0 против Македонија ЃП во 15. коло.

Гоце Седлоски, пак, дебитираше со реми без голови на клупата на Работнички во домашната пресметка против Гостивар, на дуелот кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг-комплексот на ФФМ.

Шкупи успеа да триумфира во пресметката против Македонија ЃП на Чаир, благодарение на погодокот на Марио Младеновски. Дефанзивецот одлично се снајде пред голот на гостите во 67. минута и со убав скок со глава донесе водство од 1-0 кое се покажа доволно за конечни три бода.

Тиквеш победи со 1-0 против АП Брера во Кавадарци благодарение на голот на Оливер Стоименовски во 71.минута од натпреварот.

ПМФЛ – 15. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Младеновски 67′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 1-0
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
Велковски 54′, Ѓорѓиев 87′ – Елези 22′, Аганспахиќ 68′
ОДЛОЖЕНИ
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ

Се вчитува...