Шкупи го задржува „костурот“ на тимот: Бајрами и Адем со нови договори

Раководството на Шкупи веднаш по обезбедувањето на прволигашкиот статус активно разговара за задржување на костурот на ланската екипа. По продолжувањето на соработката со тренерот Нухиу и со капитенот Зендели, Шкупи денеска обелодени дека се продолжени договорите со уште двајца стандардни првотимци, и тоа Муарем Бајрами и Ермедин Адем.

Пресреќен сум што и во следната сезона ќе го носам дресот на Шкупи и ќе играм пред „Шверцери“, кои за мене се најдобра навивачка група. Мило ми е што управата е задоволна од моите настапи, но тоа е само обврска повеќе за отсега да играм уште подобро во дресот на Шкупи“ – истакна Бајрами по потписот на новиот договор.

Заоволство од продолжената соработка изрази и Адем, кој најави многу подобри резултати на Шкупи во следната сезона.

Среќен сум што останувам дел од Шкупи, клуб што за нас претставува и повеќе од семејство. Имаме добар тим што не заслужуваше да игра бараж за опстанок, затоа сум оптимист дека во следната сезона ќе имаме далеку подобри резултати и ќе атакуваме на излез во Европа“ – изјави Адем за клупската веб-страница.

Се вчитува...