Шкупи останува прволигаш: Доминантно во баражот против Новаци

Шкупи останува член на Првата фудбалска лига, откако во баражот за пополнување на елитното друштво беше надмоќен против второлигашот Новаци и во два меча славеше со вкупен резултат 7-2. На денешниот втор бараж дуел на Градскиот стадион во Штип, Шкупи исто така славеше со 3-1. На првиот меч, тимот од Чаир оствари триумф од 4-1.

Шкупи поведе со 1-0 во 28.минута со Фатих Исмаили, а Ермедин Адем на стартот на вториот дел зголеми на 2-0. Благоја Наумовски во 63.минута го постигна единствениот гол за Новаци, а Џавит Мамути во 78.минута го постави конечниот епилог на денешниот втор бараж натпревар.

Се вчитува...