Шкупи, Шкендија и Академија Пандев добија лиценци за Европа, се чека уште победникот во Купот

Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално информираше дека трите екипи кои преку првенството обезбедија европски излез за престојнава сезона Шкупи, Академија Пандев и Шкендија добија лиценци за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2022/23.

Лиценци добија и двата финалисти во Купот на Македонија, Силекс и Македонија ЃП а еден од нив ќе се најде ова лето во квалификациите за Конференциската лига.

Листа на македонски клубови кои по завршување на постапката за лиценцирање добија лиценца за учество во УЕФА клупските натпреварувања за сезона 2022/23: 

  1. ФК Ренова АД – с.Џепчиште
  2. ФК Шкендија АД – Тетово
  3. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
  4. ФК Силекс АД – Кратово
  5. ФК Работнички АД – Скопје
  6. ФК Струга ТримЛум АД – Струга
  7. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
  8. ФК Академија Пандев АД – Струмица

Се вчитува...