Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи доколку не ја помине втората пречка во квалификациите во Лигата на шампионите, Динамо Загреб во третото коло во Лигата на Европа за противник ќе го има поразениот од мечот меѓу Лудогорец – Шамрок двобој кој му се падна и во Лигата на шампионите.
Првиот меч ќе се игра или во Бугарија или Ирска, додека реваншот ќе биде во Загреб или Скопје.
Македонскиот шампион веќе утре во Загреб му гостува на хрватскиот шампион, додека реваншот во второто коло кој ќе се игра во Скопје е закажан за следниот вторник во Скопје.
Доколку АЕК Ларнака на нашиот Иван Тричковски загуби од Митјиланд ќе игра против Партизан, додека Малме на Ердал Ракип ако е елиминиран од Жалгирис ќе се сретне со Пјуник или Диделанж.
Првите мечеви од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе се играат на 4. август, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА