Шкупи во Гибралтар ја довршува работата за мегдан со Динамо Загреб во ЛШ

Предноста од 3-0 по првиот меч која ја има Шкупи во дуелот со Линколн Ред Импс од Гибралтар, би требало да биде доволна скопскиот тим да стигне до мегдан со Динамо Загреб, еден од најдобрите клубови на овие простори. Момците на Гоце Седлоски покажаа и докажаа дека се далеку поквалитетен ривал од шампионот на Гибралтар, и сега треба на гости само да ја довршат работата, за да се пласираат во 2. квалификациско коло од европската „елита“.

И покрај предноста, од Шкупи најавија дека ќе бидат многу внимателни и дека нема да го потценат противникот. Особено што играат на терен кој е поразличен од другите (со вештачка трева), на висока температура и влажен воздух кој владее во оваа мала земја.

„Предноста од 3-0 е добра, но не е гарант дека нашиот тим ќе продолжи понатаму. Одиме и на реваншот на победа, и секако со внимателност. Таму е теренот незгоден, со вештачка трева, воздухот ќе биде многу влажен, но ќе бидеме подготвени на се. Ќе барам од моите фудбалери да дадат максимум и да победиме и на реваншот“, рече тренерот Гоце Седлоски, веднаш по првиот натпревар. 

Головите на првиот натпревар ги постигнаа Данфа, Адетунџи и автогол на Чиполина. На денешниот реванш Шкупи ќе остане без услугите на Гаги Маргвилашвили, кој на првиот меч доби црвен картон.

Дуелот започнува во 18 часот, а ќе го суди Филип Глова од Словачка.

Се вчитува...