Шкупи во последната секунда прими гол за пораз од 3-1 на гостувањето против Шамрок во Даблин (ВИДЕО)

Шкупи испушти одлична можност со повеќе од надежен резултат да го заврши своето гостувањето против Шамрок Роверс во Даблин во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лигата на Европа. Чаирчани примија погодок буквално во последната секунда од средбата, дури во седмата минута од судиското продолжение за пораз од 3-1 на гостувањето во Ирска. А, имаа претходно во ракавот минимален пораз кој нудеше огромна надеж за реваншот во Скопје.

На дуелот во Даблин, Шамрок брзо дојде до предност со голот од пенал на Бурк уште во 12. минута од средбата.

Во второто полувреме, Шкупи успеа да ја намали предноста на Шамрок Роверс на 2-1 со прекрасниот погодок на Бразилецот Куевен во 77. минута од средбата. Вистинско ремек-дел на Бразилецот кој со „бомба“ од 30 метри постигна евро-гол за ублажување на предноста на Ирците.

Во 84. минута Шкупи остана и со играч помалку по црвениот картон на Хамиди Сето тоа успеаја да го искористат Ирците кои во 97. минута, во последните секунди од мечот, дојдоа до 3-1 со голот на О’Нил.

За Шкупи, и покрај се, останува надежта со триумф на реваншот во Скопје на домашен терен со силна поддршка од трибините да дојде до плеј-офот за место во групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...