ШОК: Дешамп го напушти Мундијалот поради семејна трагедија

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, денеска го напуштил репрезентативниот табор и Светското првенство 2026, и се врати во својата татковина.

Причината е семејна трагедија и смртта на неговата мајка. Како што пренесуваат француските медиуми, Дешамп очекувано сакал да присуствува на погребот на својата мајка.

Затоа, тој нема да ги предводи „триколорите“ во последниот натпревар од групната фаза против Норвешка.

Селекторот на Франција во договор со претседателот на фудбалската федерација, Филип Диал, Дешан му го предал водството на тимот на помошникот Ги Стефан до крајот на групната фаза.

Франција веќе се пласираше понатаму со победите над Сенегал (3-1) и Ирак (3-0).

Се вчитува...