Шок: Еди Хау добива отказ од Њукасл!

Раководството на Њукасл ризикува дополнително да го навлече бесот на навивачите со одлуката да му врачи отказ на Еди Хау, долгогодишниот стратег кој важи за миленик на фановите поради покажаната лојалност. Имено, Хау низ годините одби неколку англиски гиганти, поради договорот со Њукасл воопшто не преговараше да стане селектор на Англија, но управата на клубот сепак донесе апсолутно неочекувана одлука – да ја прекине соработката со овој стручњак.

Неофицијално, Хау бил видно незадоволен од активностите на пазарот, откако беше продаден Сандро Тонали, а во тек се преговорите и за заминување на Бруно Гимараеш во Арсенал. Тој добил ветувања за носење на соодветни замени кои не се исполнети, поради што влегол во конфликт со управата, што на крајот резултирало со разделба што ќе биде официјализирана во текот на денешниот ден.

Саудиските газди на Њукасл имаат и свој фаворит за нов тренер, 38-годишниот Германец Матијас Јаисле. Станува збор за стратег без преголемо искуство кој од 2023 година е предводник на Ал Ахли во Саудиска Арабија, тим што ја има истата сопственичка структура како и Њукасл.

Германскиот стручњак претходно има работено само во австрискиот фудбал, во второлигашот Лиферинг и во шампионот Салцбург, па ќе биде интересно да се види дали и колку тој ќе успее да се снајде во предизвикот наречен англиска Премиер-лига, особено во клуб како Њукасл во кој очекувањата секогаш се нереално високи.

Се вчитува...