Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендира членството на Непал во таа организација.
ФИФА испрати писмо до сите свои членови, во кое се наведува дека членството на Непал е суспендирано до понатамошно известување.
Непалската репрезентација, како и клубовите од земјата, повеќе немаат право да учествуваат на меѓународни натпревари додека не се укине суспензијата, а исто така нивните членови не можат да ги користат програмите за развој, курсевите или обуките на ФИФА или Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
На сите членови им беше посочено дека е забранет секој понатамошен контакт со Непал за време на суспензијата.
Иако не е прецизирано која е причината за таквата радикална одлука на ФИФА, се наведува дека суспензијата дошла во Непал поради мешањето на политиката во спортот, односно на едно од телата за спорт во Непал во работата на Непалската фудбалска асоцијација.
The All Nepal Football Association (ANFA) has been suspended until further notice in accordance with Article 16 of the FIFA Statutes. pic.twitter.com/ykVC1v9SFI
— ANI (@ANI) June 25, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
