Шок: Големиот ас на Њу Ингланд ја заврши НФЛ-кариерата

Екипата на Њу Ингланс патриотс се соочува со сериозен проблем откако Роб Гронковски ја изненади американската спортска јавност објавувајќи дека ја завршува својата кариера. Големиот ас беше еден од клучните соиграчи на Том Брејди, но серијата повреди со кои се соочи со последните неколку години придонесе предвреме да каже збогум на НФЛ-лигата.

„Приказната почна кога имав 20 години и на мојот сон се исполни на НФЛ-драфтот. Наскоро треба да наполнам 30 години и донесов одлука што дефинитивно е најголема во мојот живот досега. Се повлекувам од спортот“ – објави Гронковски на својот инстаграм-профил.

Роб Гронковски во кариерата освои три шампионски титули, пет пат беше избиран на „Про боул“ натпреварот, што важи за олстар на дуел во НФЛ-лигата. Тој ја завршува кариерата со 79 тачдауни и 521 фатени додавања, за вкупно 7861 освоен јард во кариерата.

Се вчитува...