Шок: Надал ја прекинува кариерата по Ролан Гарос?!

Рафаел Надал игра во животна форма на Ролан Гарос, турнир кој би можел да биде и последен гранслем во кариерата на шпанскиот тениски великан. Според добро упатениот тениски новинар Анхел Гарсија, огромни се шансите Надал по завршувањето на овој турнир да објави прекин на кариерата, на одредено време или пак целосно повлекување од тенискиот спорт.

Шпанецот и во текот на овој турнир се жали на болка на хроничната повреда, иако тоа не е забележливо во неговите настапи, но според Гарсија, состојбата е крајно сериозна.

„Коските во стопалото на Рафаел Надал пропаѓаат, а коскеното ткиво. Тој има привремено или трајно пореметување на снабдување на крвта во тој дел од телото и коските. Болката при секое движење е огромна, без оглед дали тоа е видливо бидејќи Рафа очигледно игра под анестетици. Тој не може да продолжи да игра тенис, затоа е толку мотивиран, бидејќи знае дека овој Ролан Гарос речиси сигурно му е последен. Тој ќе се повлече од тенисот по Париз и нема да игра извесен период, а не се исклучува можноста и дефинитивно да ја заврши кариерата“, тврди Анхел Гарсија.

Се вчитува...