Шок: Норвешка го ротира цел тим за мечот со Франција?!

Норвешка вечерва ќе се сретне со Франција во дербито за првото место во групата, но селекторот Стале Солбакен се реши за радикален чекор – да го одмори речиси целиот тим во пресрет на нокаут фазата од светскиот шампионат.

Скандинавската селекција има две победи на првите две средби и би морала да слави над Франција ако сака да се искачи на врвот. па Солбакен реши воопшто да не атакува на сензација, туку да ги одмори клучните играчи предводени од Ерлинг Халанд.

„Без оглед на исходот на нашиот дуел со Франција, најважен ќе биде мечот од 1/16 финалето. Мораме да бидеме 110% подготвени за тој дуел, факт е дека сме изморени, а во нокаут фазата можеби ќе играме и 120 минути. Тоа е нешто што мораме да го земеме во предвид“, истакна Солбакен пред неколку дена.

Норвешката ТВ2 попладнево објави дека норвешкиот селектор се решил за радикален потег, оставајќи ги на клупата трите најголеми ѕвезди Халанд, Серлот и Едегард, да направи дури десет замени во однос на претходниот меч со Сенегал.

Победникот од оваа група за противник најверојатно ќе ја има Шведска. Додека Норвешка го освои второто место, тогаш противник на скандинавската селекција во 1/16 финалето ќе биде Брегот на слоновата коска.

Се вчитува...