Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала повторно е позитивен на коронавирусот. Ова е шок за сите во италијанскиот првак Јувентус. Тој ќе мора да остане во задолжителен карантин нови 14 дена, а ова е четврти тест на кој Аргентинецот има позитивни резултати за присуство на вирусот Covid-19. Со него повторно позитивна е и девојката Ориана Сабатини.
Првпат тие имаа позитивен тест на 21.март и го надмина вирусот, истакнувајќи дека во одреден период од изолацијата имал и сериозни проблеми со дишењето, како и се чувствувал многу слаб кога се обидел да тренира.
„Имав изразени симптоми, зголемена телесна температура, проблеми со дишењето, телото ми беше многу слабо. Но, го надминавме тоа со Ориана и оттогаш се чувствуваме супер“, вели Пауло Дибала.
Сепак, редовно се тестира, а веќе четврти пат тестот покажува дека вирусот се уште е присутен во неговото тело. Ова секако е голем шок за Јувентус. Најавите од Италија се дека клубовите ќе можат да почнат со индивидуални тренинзи од 4.мај, а групните тренинзи би биле дозволени две седмици потоа. Дибала сега повторно мора во задолжителен карантин.
Покрај Пауло Дибала, коронавирусот во тимот на Јувентус го прележаа и Даниеле Ругани и Блес Матуиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА