Шок во Келн: Ракометна „самба“ пред очите на Червар

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Хрватска значително си ги намали шансите за полуфинале откако „коцкестите“ го загубија својот премиерен натпревар во Келн, и тоа од аутајдерот Бразил со 26-29. Избраниците на Лино Червар играа извонредно во Минхен, но вечерва тотално потфрлија во „Ланксес арена“, дозволувајќи му на противникот да доминира од почеток до крај. И нападот „седум на шест“ како опција не беше корисен во играта на „коцкестите“, Бразилците го одиграа својот најдобар меч на шампионатот и заслужено стигнаа

Бразил почна фуриозно и за десетина минути поведе со 6-3. Ниту тајмаутот на Червар не успеа да ги запре налетите на „кариоките“, кои ја користеа секоја грешка на противникот, на момент имаа и „плус шест“, за на одмор да заминат со четири гола предност. Хрватските ракометари на најразлични начини се обидоа да се вратат во мечот, Стевановиќ го замени Шего на голот, но „коцкесите“ беа немоќни на теренот, дваесетина минути не успевајќи да ја спуштат разликата под четири гола.

Карачиќ намали на 26-23 и изнуди исклучување на осум минути до крајот, а потоа со играч повеќе „коцкестите“ за 90 секунди стигнаа до само еден гол негатива (26-25). Сепак, тоа беше се што можеше Хрватска да стори, на четири минути до крајот Червар тргна и со седум на шест, па прими го во празна мрежа за 28-25, со што практично беше решено прашањето на победникот на овој одличен натпревар, кој заврши со резултат 29-26.

Лангаро со девет гола беше клучен играч на Бразил при овој голем триумф, додека кај Хрватска најдобар стрелец беше Дувњак со шест погодоци.

Се вчитува...