Младиот бразилски офанзивец Савињо е подготвен за нов чекор во кариерата и сака да го напушти Манчестер Сити до крајот на летниот преоден рок. По сезона во која не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец, крилниот напаѓач смета дека е време да пронајде средина во која ќе добива поголема минутажа.
Иако настапи на 36 натпревари во сите конкуренции, Савињо најчесто добиваше шанса од клупата или беше ротиран во составот. Вкупно одигра 1.502 минути на теренот, при што постигна четири гола и запиша две асистенции, но тоа не беше доволно за да се наметне како незаменлив дел од тимот.
Бразилецот верува дека во оваа фаза од кариерата најважно му е да игра континуирано и редовно да биде на теренот. Токму поради тоа донел одлука да побара трансфер, со надеж дека ќе најде клуб каде што ќе има поголема улога и подобри услови за понатамошен развој.
Во Манчестер Сити се запознаени со неговата желба, но конечната одлука околу неговата иднина ќе ја донесе клубот. Англискиот шампион нема намера лесно да се откаже од еден од најталентираните бразилски фудбалери, па останува да се види дали ќе прифати продажба, позајмица или ќе инсистира Савињо да остане на „Етихад“.
До крајот на преодниот рок се очекува интерес од повеќе европски клубови, бидејќи 21-годишниот офанзивец и натаму важи за еден од најперспективните играчи на својата позиција. Следните недели би можеле да бидат клучни за неговата иднина и за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
