Шок за Динамо, уште четворица фудбалери позитивни на Ковид-19: Дали е Адеми!?

Шокирачки вести за Динамо Загреб пред утрешниот натпревар со австриски Волфсбергер во Лигата на Европа. По вчерашната информација дека на Ковид-19 позитивни се тренерот Зоран Мамиќ и еден фудбалер, денеска дополнителна информација дека се позитивни уште четворица фудбалери од првиот тим по најновите тестови.

Од клубот не сакаат да ги соопштат имињата на позитивните, но сосема е јасно дека ќе бидат познати веќе во текот на утрешниот ден кога ќе биде познато кој нема да биде во комбинација за настап во Лигата на Европа.

Нема информација дали еден од позитивните е и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Сосема е јасно дека евентуално позитивен тест за Адеми би бил огромен хендикеп и за македонската репрезентација пред историскиот натпревар со Грузија за пласман на ЕП. Собирот на репрезентацијата е закажан за 9. ноември во Скопје.

Се вчитува...