Шок за Ф1: Ферари се повлекува од Формула 1!?

Шефот на Ф1 тимот Ферари, Матија Бинито се закани со повлекување на Ферари од Формула 1 доколку дојде до ограничување на финансиските сметки на тимовите.

Во Ферари не се задоволно со предлогот за ограничување на буџетите. Во овој момент Ф1 тимовите може годишно да потрошат 162 милиони евра, а предлогот е пропишаниот буџет за 2021 година да изнесува 135 милиони евра, додека следната сезона да биде 120 милиони евра.

„Тие суми се премали за квалитетен развој на болидите. Ферари не е само икона, туку генератор за целиот регион па и цела Италија. При такво намалување на буџетите, тогаш ние заминуваме од Ф1“ – истакна Бинито.

Ферари во Формула 1 е од 1950 година и се уште се еден од најбогатите тимови.

Веќе е јасно дека оваа година нема да се одржат повеќе од 19 трка откако поради пандемијата на коронавирусот комплетно се откажани девет трки. Реално е оваа година да се одржат 15 трки. Поради тоа се очекува далеку потензична сезона во однос на претходните.

Се вчитува...