Шок за Надал во Синсинати: Хрватот Чориќ стави крај на неверојатната низа која траеше 16 години

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го совлада Рафаел Надал со 2-1 (7-6, 4-6, 6-3) во 3. коло на АТП турнирот од Мастерс серијата во Синсинати и приреди неверојатна сензација. Во мечот кој траеше 2 часа и 51 минута, Чориќ стигна до најголемиот успех во сезоната, докажувајќи дека се врати во добра форма по тешката повреда.

Со победата Хрватот кој во моментот го завзема 152. место на АТП листата стави крај на неверојатната низа на Рафаел Надал која траеше 16 години, во кои немаше пораз од тенисер кој се наоѓа под 150 место на истата.

Последниот пораз на шпанскиот тениски ас од ваков вид беше против Јоаким Јохансон во 2006 година. 16 години и 47 меча подоцна на сцената настапи хрватскиот тенисер кој трет пат во кариерата се радува на победа против легендата на „белиот спорт“.

Се вчитува...