Шок за првата тенисерка: Швјонтек елиминирана во 1/8 финалето во Торонто

Најдобрата тенисерка во моментов Ига Швјонтек, е поразена во 1/8 финалето на „Роџерс Купот“ во Торонто. Подобра од полската тенисерка беше Бразилката Беатриз Хадад Маја после одиграни три сета.

На почетокот на првиот сет двете тенисерки беа сигурни на свој сервис, а до првиот брејк дојде во петтиот гем, а тоа беше доволно за Бразилката да го освои сетот.

Во продолжението светската тенисерка број 1 одигра подобро, и во шестиот гем стигна до гем, а после тоа и до израмнување.

Се чинеше дека Швјонтек фаќа ритам, откако на почетокот од третиот сет стигна до брејк, но Бразилката веќе во следниот гем одговори на ист начин и со уште два брејка до крајот стигна до победата 2:1 (6:4, 3:6, 7:5).

Се вчитува...