Шпанија без ѕвезди од НБА и Евролига, но со искусен состав доаѓа во Скопје

Предводникот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скaриолo го објави поширокиот список на играчи за престојните квалификации за Светското првенство 2023 кои „црвената фурија“ ги започнува во Скопје против Македонија.

На списокот од 24 кошаркари нема имиња од НБА лигата и евролигашите Реал Мадрид и Барселона, но тука е центарот на Басконија, Илмане Диоп, како и пет соиграчи на нашиот Ненад Димитријевиќ кои се натпреваруваат во Еврокупот.

Втората најсилна репрезентација на светот во Македонија доаѓа со искусни играчи кои подолго време настапуваат во европските натпреварувањата, а тука се и неколку млади, перспективни кошаркари па јасно е дека „црвено-жолтите“ ги очекува тешка задача за одбрана на домашниот терен.

На списокот на повикани играчи се најдоа:

Франсис Алонсо – бек (Уникаха)

Виктор Артеага -центар (Естудијантес)

Џонатан Бареиро – крило (Сарагоса)

Феран Басас – бек (Хувентуд)

Дарио Бризуела – бек (Уникаха)

Жосеп Бускет Коста – бек (Без клуб)

Кино Колом – бек (Валенсија)

Алберто Диаз – бек (Уникаха)

Дани Диез – крило (Тенерифе)

Илмане Диоп – центар (Басконија)

Хаиме Фернандез – бек (Уникаха)

Марк Гарсија – крило (Сан Пабло Бургос)

Фран Гуера – центар (Тенерифе)

Рубен Гереро – центар (Уникаха)

Жулем Хоу – бек (Манреса)

Хаби Лопез-Арестеги – крило (Валенсија)

Жоел Пара – крило (БВВ Тим 3)

Ориол Паули – крило (Гран Канарија)

Дани Перез – бек (Манреса)

Хаиме Прадиља – центар (Валенсија)

Жозеп Пуерто – бек (Валенсија)

Себастијан Саиз – центар (Чиба Џетс – Јапонија)

Мигел Салво – крило (Сан Пабло Бургос)

Хун Састре – крило (Валенсија)

Јанкуба Сима – центар (Манреса)

Се вчитува...