Шпанија лесно си поигра со Австрија на патот кон осминафинале на Мундијал (ВИДЕО)

Шпанија триумфираше  лесно со 3-0 против Австрија во 1/16-финалето на Светското првенство 2026.

„Црвената фурија“ покажа огромна разлика во класа против Австријците лесната победа најавувајќи ја со голот на Ојарзабал во 37. минута.

Шпанците има можност и за поубедливо водство, но ја погодија само гредата од противничкиот гол.

Во второто полувреме, Поро стрелаше во 66. минута за 2-0, а Ојарзабал со својот втор гол во 89. минута заокружи на конечни 3-0 и пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Се вчитува...