Шпанија обожава кошарка: 8.630 фанови гледаа натпревар на деца до 14 години, а има и што да видат (ВИДЕО)

Шпанската доминација во кошарката во 2022 година беше изразена со неверојатен податок со кој вели секој можен национален тим успеа да стигне до финалето на меѓународните натпреварувања.

Од најмладите категории па до сениорите, во машка или женска категорија на секој турнир каде се појавија Шпаците, освојуваа медали.

А, за тоа колку Шпанија ја сака кошарката доволно говори и фактот дека вчерашното младинско „Ел класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона за кошаркари до 14 години го испратија 8.630 фанови кои и имаа што да видат.

Натпреварот го одбележа доминацијата на 13-годишниот Махамаду Ландур кој го предводеше Реал Мадрид до победа со неверојатен дабл-дабл учинок од 56 поени и 33 скока за индекс на корисност од 82.

Се вчитува...