Шпанците не заслужија победа, ние требаше да го грабнеме бодот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шпанија не ја оправда улогата на супер-фаворит на вечерашниот меч против Македонија на „Тодор Проески“ во Скопје. Младите шпански фудбалери имаа звучни имиња во составот, но не покажаа ништо особено, а сепак стигнаа до триумф. Мала наивност на Серафимов, искористен пенал, а потоа и наша неискористена можност од белата точка, промашен пенал на Димитар Митровски.

„Големите“ знаат да победат и кога не играат добро, освојуваат бодови и кога не ги заслужуваат, а останува уште една поука за избраниците на Благоја Милевски дека во фудбалот треба да грабнеш се што ти се нуди…

 

Се вчитува...