Шпанците се намачија, но ја совладаа Јапонија

Ракометната репрезентација на Шпанија ја совлада Јапонија со 26-22 и стигнаа до третиот триумф во групата. Јапонците имаа сили за едно полувреме, на одморот имаа и еден гол позитива (10-11), но потоа „црвената фурија“ заигра многу подобро во вториот дел и стигна до очекуваната победа.

Соле со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а Ентрериос беше стрелец на пет погодоци. Токуда уфрли седум во селекцијата на Јапонија. Уште поубедливи беа Швеѓаните против Ангола (37-19) и Французите против Кореа (34-23).

Се вчитува...