Атлетичарката на Чешка, Барбора Шпотакова, која зад себе две олимписки злата во фрлање копје, одлучи да стави крај на кариерата, вака пренесува Атлетската федерација на Чешка.
41-годишната Шпотакова освои златни медали на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и четири години подоцна во Лондон.
Таа освои олимписка бронза во Рио во 2016 година. Нејзиниот последен настап беше во четвртокот вечерта на финалниот собир од Дијамантската лига во Цирих, каде го освои петтото место. Таа уште го држи светскиот рекорд кој го постави во 2008 година во Штутгарт со фрлање од 72.28 метри.
„Сите бајки имаат крај, а мојата заврши со многу среќен крај во вид на бронзен медал на Европското првенство во Минхен летово … моето тело јасно стави до знаење дека е време да се пензионира“, изјави Шпотакова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА