Штербик го „меле“ Загреб – 13 одбрани за едно полувреме (видео)

Арпад Штербик игра извонредно прво полувреме на голот на Вардар на гостувањето против Загреб, откако фантастичниот голман за 30 минути игра оствари дури 13 успешни интервенции. Еве две од нив, ситуација во која „Арпад велики“ за неколку секунди два пати ги излуде домашните ракометари и навивачи, покажувајќи зошто беше МВП на последниот фајналфор турнир од Лигата на шампионите.

Се вчитува...