Штербик: Не игравме како што знаеме, ремито е добар исход

Арпад Штербик одигра извонреден натпревар на голот на Вардар против ПИК Сегед, помагајќи македонскиот првак да го избегне првиот пораз сезонава. Иако во самиот финиш Дибиров промаши зицер за победа, Штербик на прес-конференцијата по мечот истакна дека „вардарци“ мораат да бидат задоволни од конечниот исход.

Ова беше тежок натпревар, но секогаш е така кога гостувате во Сегед, нема многу сали ширум Европа со атмосфера како оваа. Не сум среќен од начинот на кој игравме, Сегед покажа повеќе, но сепак успеавме да стигнеме до реми. Можеме да бидеме задоволни од овој бод“ – истакна Штербик.

Сличен беше ставот и на тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес.

Честитки до Сегед за добрата екипа, тренерскиот тим врши одлична работа во овој клуб во последните години. Скубе беше извонреден и одлично соработуваше со пивотите, јас сум презадоволен од овој еден бод бидејќи знам дека сите други тимови од групата ќе се мачат на овој терен“ – изјави шпанскиот стратег на клупата на „вардарци“.

Се вчитува...