Што ако му се одземат титулите на Манчестер сити, ќе се офајдат Ливерпул и Манчестер јунајтед

Судскиот процес против Манчестер сити кој го поведе Премиер лигата, дојде пред самата завршница откако денеска „граѓаните“ беа прогласени за виновни по 114 од 115 точки од обвинението. Единствено непознато е со каква казна ќе се соочат „граѓаните“.

Иако Манчестер сити има право на жалба за која никој не се сомнева дека ќе биде поднесена, извесно е дека клубот ќе биде казнет.

Доколку биде казнет, според англиските медиуми, три опции се во игра.
– блага казна: тоа е парична со неколку суспензии на функционери во клубот.

– умерена казна: тоа би претставувало исфрлање на Манчестер сити во понизок ранг на натпреварување, што дел од англиските медиуми го гледаат како пореална опција.

– тешка казна: На Манчестер сити да му бидат одземени сите трофеи освоени во периодот од 2009 до 2018 година, односно периодот за во кој клубот го прекршил финансискиот ферплеј.

Интересно е тоа што за Манчестер сити да биде исфрлен во Чемпионшип дивизијата, потребно е најмалку 15 клубови од Премиер лигата да гласаат за такво нешто. Според весникот „Индепендент“, кај најголем дел од екипите постои желба да се гласа Манчестер сити да се пресели во понизок ранг.

Англиските медиуми пишуваат и што би се случило доколку Премиер лигата одлучи да ги избрише сите резултати на Манчестер сити во периодот од 2009 до 2018 година.

Тоа би значело и менување на историјата во голема мера бидејќи „граѓаните“ во тоа време освоија седум трофеи, три во Премиер лигата, еден ФА куп и три Лига купови.

Дури две од трите титули би му припаднале на градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Првата е за сезоната 2011/12 кога Серхио Агуеро со голот во 95-та минута го комплетира пресвртот на Сити против Квинс парк ренџерс и го остави Јунајтед без трофејот.

Втората титула која би заминала во витрините во Манчестер Јунајтед е таа од сезоната 2017/18 кога тимот го предводеше Жозе Мурињо. Јунајтед сезоната ја заврши на второто место со дури 19 бодови помалку од градскиот ривал.

Третата титула која евентуално би му била одземена на Сити, би заминала во црвениот дел од Ливерпул. Во сезоната 2013/14, Манчестер сити со само два бода повеќе од Ливерпул дојде до титулата без која сега би можел да остане ако се оствари најцрното сценарио.

Се вчитува...