Што ли се случува? Американски кошаркар доживеа инфаркт на терен! (ВИДЕО)

Нови страшни сцени од спортските терени сега доаѓаат од САД. Во НБА развојната лига, кошаркарот на Гранд Рапидс, Зек Апшоу доживеа инфаркт на натпреварот против Линг Ајланд нетс.

На околу една минута пред крајот на натпреварот 26-годишниот Апшоу загуби свест и се сруши на паркетот. Настана драма, шок меѓу соиграчите веднаш доби лекарска помош по што итно е пренесен во болница каде и во моментов се борат за неговиот живот.

Од болницата потврдија дека Апшоу доживеал инфаркт и дека е критична состојба. Се уште е во животна опасност…

Апшоу ја игра својата втората сезона во тимот кој е филијала на НБА тимот, Детроит пистонс.

Колку за потсетување, изминатиов месец четири професионални фудбалери починаа од срцев удар.

Се вчитува...