Што мислеше? Џеј Ар Смит автор на најглупавиот потег во историјата на НБА… (ВИДЕО)

Кливленд имаше огромна шанса да стигне до брејк во првиот меч од финалето во НБА лигата против Голден стејт но не се радува на тоа поради промашеното слободно фрлање на Џорџ Хил и непромисленоста на Џеј ар Смит, за која долго ќе се зборува.

Имено, на 4,7 секунди до крајот на регуларниот дел од мечот при 107-106 за Голден стејт досуден беше прекршок за Џорџ Хил. Искусниот плеј на Кливленд го погоди првото, а го промаши второто слободно фрлање. Неговото промашување го собра Џеј ар Смит кој место да оди на кош, веројатно мислејќи дека неговиот тим води, со топката се стрча кон центарот ескивирајќи прекршок на Вориорс.

Домашните секако не направија прекршок, а Кливленд во продолжението не се опорави од тој „луксуз“ на Џеј ар Смит. Продолжението Голден стејт го доби со 20-10 и поведе во финалната серија.

Џеј Ар Смит со тој свој потег ја уништи феноменалната ноќ и на Леброн Џејмс кој со 51 постигнат поен пропушти и да слави победа на првиот меч од финалето.

Се вчитува...