Што прави Челси? Стигна дефинитивно и Хендерсон

Нов играч на Челси, по ветеранот Дени Велбек, е уште еден ветеран – Џордан Хендерсон.

На Чаби Алонсо дефинитивно нема да му недостасува искуство во соблекувалната.

Ако тоа беше целта на шпанскиот стратег во тековниот преоден рок – да доведе искусни, но сепак корисни поединци, зацврстени борци од Премиерлигата, тогаш менаџерот на „сините“ е на вистинскиот пат.

Фабрицио Романо известува дека Хендерсон и лондонскиот клуб се договориле за двегодишен договор.

Поранешниот капитен на Ливерпул, сега 36-годишен играч од средниот ред, пристигнува во Челси како слободен агент по завршувањето на соработката со Брентфорд и ќе му се стави на располагање на Алонсо за следната сезона.

Се вчитува...