Што се случува кога ќе се сретнат Ибра и Шек: „XL против XXXL“!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го напушти Манчестер јунајтед и се одлучи кариерата да ја продолжи во САД, во редовите на ЛА Галакси.

Но, покрај активностите во својот нов клуб, Ибра го користи секое слободно време да „ѕирне“ и по другите спортови… Беше и на кошаркарски натпревар каде имаше можност да ја запознае легендата Шекил О’Нил. Па веднаш се пофали на својот Инстаграм профил…

„Кога XL ќе го запознае XXXL“ – напиша Ибрахимовиќ во описот на фотографијата со популарниот Шек.

Се вчитува...