Што се случува со Џоел Ембид!?

Од тимот на Филаделфија се надеваат дека Џоел Ембид ќе биде подготвен за првиот натпревар од новата НБА сезона закажан за в среда.

Ембиид, кој со години се справува со сериозни проблеми со коленото, одигра само 19 натпревари минатата сезона. Последен пат се појави на 23 февруари против Бруклин Нетс, по што во април беше подложен на артроскопска операција на коленото.

Центарот од Камерун, кој сега има 31 година, се мачи со повреди од почетокот на својата кариера. Во последните две регуларни сезони, тој одигра вкупно 58 натпревари.

Откако пристигна во НБА во 2014 година, тој пропушти дури 400 натпревари, вклучувајќи ги и првите две сезони во кои целосно отсуствуваше поради скршеници на стапалата и хронични проблеми со коленото.

И покрај здравствените предизвици, Ембиид останува клучен играч за Филаделфија, а неговото евентуално враќање на паркетот веќе во првото коло би било значаен поттик за тимот од Филаделфија на почетокот на новата НБА сезона.

Се вчитува...