Што се случува со Обамејанг – промаши три зицери и пенал во Лисабон

Пјер Емерик Обамејанг e вистински трагичар на Борусија Дортмунд во досегашниот дел од натпреварот со Бенфика. „Милионерите“ се далеку подобар противник од „орлите“ од Лисабон, но на половина од второто полувреме се во негатива од 1-0, пред се поради очајниот настап на Обамејанг. Најдобриот стрелец на Борусија промаши два зицери во првото полувреме, потоа уште една стопроцентна шанса во вториот дел, пред да му се укаже идеална можност – пенал за германскиот вицешампион.

Сепак, Обамејанг не го искористи ниту ударот од единаесет метри, шутирајќи директно во голманот Едерсон.

Што се случува со овој врвен голгетер, кој се чини прерано почна да размислува за трансфер надвор од Дортмунд.

Pierre-Emerick Aubameyang nije iskoristio penal… by harun-muminovic

Се вчитува...