Штрајкот вроди со плод: Ремили во Веспрем до 2026 година

Францускиот ракометен репрезентативец Недим Ремили е нов ракометар на унгарскиот гигант Веспрем, потврдија од неколку кратниот финалист во Лигата на шампионите. Французинот потпиша договор со тимот во кој е тренер Момир Илиќ до 2026 година.

Унгарскиот гигант веќе ги имаше договорено личните услови со „бомбардерот“, но проблем претставуваше тоа што Кјелце инсистираше на отштета од еден милион евра. И додека клубовите преговараа за отштетата, Ремили одби да тренира со остатокот од тимот и влезе во своевиден штрајк.

На крајот Унгарците прифатија да му платат на Кјелце голема отштета и Французинот да го имаат во тимот до 2026 година.

Се вчитува...