Штутгарт е новиот освојувач на трофејот во Купот на Германија откако „швабите“ во големото финале славеа над третолигашот Арминија Билефелд со 4-2. Тимот на Арминија приреди неколку сензации на патот до ова финале, во полуфиналето го елиминираше бранителот на трофејот Баер Леверкузен, но третолигашката екипа немаше сили за изненадување во ова големо финале.
Мора да се истакне дека аутсајдерот при 0-0 имаше стопроцентна шанса кога од пет метри ја погоди само гредата. Казната стигна безмилосно, па Штутгарт за десетина минути постигна три гола преку Волтемаде, Мило и Ундав, практично решавајќи го прашањето на победникот.
„Швабите“ на стартот од вториот дел постигнаа и четврти погодок преку Мило, а Арминија до крајот успеа да постигне два утешни погодоци, станувајќи прв третолигаш што успеал да даде гол во едно финале од Купот на Германија.
Сепак, тоа беше недоволно за чудо, па Штутгарт заслужено стигна до првиот куп-трофеј по пауза од дури 28 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА