Шукер и Далиќ во изолација, поради присуство на Конгресот на кој беше Кокеза

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Давор Шукер, селекторот Златко Далиќ, директорот Дамир Врбановиќ, портпаролот Томислав Пачак и водителката на одделот за меѓународна соработка во ХНС, Иванчица Судац ќе бидат во самоизолација до среда (18. март), одлучи Центарот за здравје во Хрватска.

Сето тоа поради нивното присуство на Конгресот на УЕФА на 2. март и извлекувањето на групите од Лигата на нациите во Амстердам, каде присуствувал и претседателот на Српскиот фудбалски сојуз, Славиша Кокеза кај кого вчера беше утврден коронавирус. Кокеза беше примен на Инфективната клиника на Србија во Белград.

„Колку што знаеме, никој од нас кои бевме таму не бевме во близок контакт со Славиша Кокеза, но поради претпазливост сите ќе бидеме во самоизолација до среда. Никој од нас не покажува никакви симптоми“ – информираше портпаролот на ХНС, Томислав Пачек.

А, во Амстердам имаше и македонска делегација од ФФМ предводена од претседателот Муамед Сејдини, како и селекторот на фудбалскиот национален тим, Игор Ангеловски. Од ФФМ нагласуваат дека кај присутните во Амстердам кај ниту еден нема никакви симптоми кои би укажувале на коронавирус.

Се вчитува...