Шукер: За секој гол за Севиља добивав подарок – лубеница

Шпанија вечерва ќе ја пречека селекцијата на Хрватска на „Санчез Пизхуан“ во Севиља, на стадионот каде своеврмено миленик на домашните навивачи беше легендарниот Давор Шукер.

Фантастичниот голгетер одигра 171 натпревар за Севиља постигнувајќи 89 погодоци за клубот од Андалузија, а во пресрет на денешниот дуел  на двете селекции шпански „Ас“ објави краток разговор во кој Хрватот се присети на тој дел од својата кариера.

„Беше неверојатно, апсолутно неверојатно… Кога ќе слетав на аеродромот во Севиља ме поздравуваа сите, полицаецот, таксистот, секој што ќе ме видеше ќе застанеше да ме поздрави… Имаше и еден човек што продаваше овошје, по секој гол што ќе го дадев добивав од него подарок – по една лубеница. Тие луѓе живеат за фудбалот и за клубот“, изјави Шукер.

Се вчитува...