Шумахер е свесен и комуницира со околината

Михаел Шумахер од почетокот на оваа седмица се наоѓа во приватна клиника во Париз во која ќе му биде извршен специјален третман. Повеќе детали за третманот не се откриваат, ниту пак се демантираат гласините дека Шумахер бил пренесен во Франција, но член на персоналот во клиниката „Жорж-Помпиду“ обелодени значаен детал за состојбата на поранешниот Ф1 шампион.

Можам да потврдам дека го видов Шумахер, кој беше примен на моето одделение. Ви велам – тој е свесен и комуницира со околината“ – откри анонимен извор за весникот „Паризиен“.

Семејството на Ф-1 легендата внимателно ги крие сите детали околу неговата состојба по страшната скијачка незгода што се случи пред повеќе од пет години, а ова е прва поконкретна информација за здравствениот статус на Шумахер.

Се вчитува...