Шумахер со Жан Тод ја гледал годинашната Ф1 трка во Бразил

Претседателот на ФИА, Жан Тод, соопшти нови информации за состојбата на Михаел Шумахер, кој по тешката несреќа што ја доживеа во декември 2013 година е во целосна изолација од јавноста.

Тод во интервјуто за „Ауто Билд“ соопшти дека заедно со Михаел Шумахер ја гледале на ТВ последната трка во Ф1 за ГН на Бразил на која Луис Хамилтон ја прослави новата шампионска титула.

„Всушност, јас секогаш сум внимателен пред да кажам нешто за тоа, но вистина е дека годинашната трка за ГН на Бразил ја гледав во Швајцарија заедно со Михаел Шумахер“ – изјави Жан Тод.

Се вчитува...