Шурле доаѓа на потпис со Фулам

Германскиот интернационалец Андре Шурле повторно ќе биде дел од Премиер – лигата. Тој е пред потпис со новиот англиски премиерлигаш Фулам, соопшти „Скај Спортс“.

Во текот на денешниот ден, 27-годишниот играч на Борусија Дортмунд треба да пристигне во Лондон и да ги изврши деталните лекарски прегледи, а потоа и да стави потпис на договор со Фулам.

Шурле се враќа во Англија, откако во периодот од 2013 до 2015 година го носеше дресот на Челси.

Се вчитува...