Швајцарците го фатија на спиење недораснатиот Алжир (ВИДЕО)

Фудбалерите на Швајцарија се пласираа во осминафиналето на Светското првенство, со победа од 2-0 над Алжир.

Во Ванкувер, Швајцарците го „заверија“ својот пласман меѓу 16-те најдобри селекции, по петти пат во последните шест планетарни мисии.

Стрелци беа Брил Емболо во 10. минута и Дан Ндои во 46. минута од натпреварот.

На истото ова место, во вторник од 22 часот, Швајцарија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана.

Се вчитува...