Швајцарците останаа перфектни, судиите не дозволија изненадување во Шпанија

Швајцарија е со перфектни три победи по првите три кола во нашата група од Лигата на нации откако оваа селекција по двете гостински победи вечерва за првпат се радуваше и на домашен терен против Словенија со 2-1.

Словенците го шокираа фаворитот со раниот погодок на Випотник во 2. минута. Работите се вратија на почеток со смешниот автогол на Јанза по несмасната интервенција на голманот Облак, за Ндаје пред крајот на првото полувреме да го комплетира пресвртот за 2-1, резултат што остана до самиот крај на натпреварот.

Следен предизвик за Швајцарците ќе биде дуелот на домашен терен со Македонија, меч што е на програмата во вторник.

Светскиот првак Шпанија славеше со 3-1 на дуелот со Чешка, „Црвената фурија“ почна моќно и по првото поувреме поведе со 2-0 преку Јамал и Родри.

Сепак, опуштањето во продолжението можеше скапо да ги чини Шпанците, гостите најпрвин намалија преку Слама, а потоа при 2-1 постигнаа и втор гол преку Надери што сомнително беше поништен од страна на судиите. Главниот судија потоа му покажа црвен картон на Крејцл од Чешка, пред Мерино во самиот финиш да ги постави конечните 3-1 за актуелниот светски шампион.

Се вчитува...